Српскиот репрезентативен голман Александар Миленковиќ е нов член на ГРК Охрид, информираат од клубот.
Особено задоволство ни е што денес можеме да го претставиме српскиот интернационалец кој ќе го носи сино-белиот дрес! ГРК ОХРИД потпиша со српскиот репрезентативен голман Александар Миленковиќ до 2024та година! Миленковиќ има богата ракометна кариера и е огромно засилување на голманската позиција за ГРК Охрид!, велат.
Миленковиќ доаѓа по 2 години минати во Израел, висок е 200cm, а тежок 125kg и има 6 официјални настапи за сениорската А репрезентација на Србија, додаваат од клубот.
Има настапувано во РК Мокра Гора, Слога Пожега, Металопластика Шабац, Партизан, Нови Пазад, Политехника Темишвар, Бершева и Макаби Кириат.
OhridNews