Во заедничкото соопштение се наведува дека двајцата претседатели се залагаат за поинтензивна соработка во пресрет на Јунскиот самит на Советот на ЕУ. Тие изразуваат надеж дека европските лидери на претстојниот самит ќе го оценат позитивно напредокот во спроведувањето на реформите и ќе им овозможат на земјите од регионот забрзана интегративна агенда. На средбата покрај за билатералните односи, биле разменети мислења и за прашања кои ја оптоваруваат трајната стабилност на регионот.
Средбата е продолжение на континуираниот политички дијалог на највисоко ниво и на личните релации меѓу двајцата претседатели, стои во заедничкото соопштение на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и Кабинетот на Претседателот на Република Србија д-р Борис Тадиќ.
Српскиоот претседател се сретна и со премиерот Никола Груевски.