Српскиот претседател, Борис Тадиќ наводно е тешко болен, пишува хрватскиот неделник Национал.

Извори од угледна српска медицинска установа тврдат дека здравјето на Тадиќ е нарушено и дека му се дијагностицирани две тешки болести, мултиплекс скелроза и лупус.

Бидејќи оваа приказна веќе некое време кружи низ белградската чаршија, новинарите минатата недела го прашаа претседателот зошто изгледа лошо.

„Не сум болен, уморен сум бидејќи многу работам“ одговори Тадиќ.

Изворот на Национал вели дека со овие две болести со медицинска грижа може уште долго да се живее, но не и да се одржува ритамот со кој живее претседателот.

Поради здравствената состојба на Тадиќ наводно веќе се води битка за власт во Демократската партија. Главни играчи се министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ и белградскиот градоначалник Драган Ѓилас.

OhridNews
Извор: ,,Мaкфакс”