Искусниот српски пивотмен Живан Пешиќ (32) пристигнува на брегот на Охридското Езеро и ќе игра во ГРК Охрид, објави порталот Balkan handball.

Како што посочуваат од порталот Balkan handball повремениот српски репрезентативец во Охрид доаѓа од новосадска Војводина, чиј член е од 2022 година.

Впечатливо е CV-то на Пешиќ во кое се наведува дека играл и за Веспрем, Целје, Адемар Леон, Нексе, Партизан и Хапоел Ришон, а настапувал и за репрезентацијата на Србија.

OhridNews

извор./фото. Balkan handball