Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј упати соопштение со сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан по повод блаженото упокојување на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

Со длабоко жалење ја примивме веста за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, со кого пред нешто повеќе од еден месец служевме света Литургија во манастирот Џуниса. Епископот блажен Тимотеј, како верен Христов сведок, копнееше за единство и, кога дојде полнотата на времето, вдахновен од Светиот Дух, решително придонесе за воспоставување на нарушеното единство на Црквата, служејќи лично божествена служба, среќавајќи се и соработувајќи со нас и со браќата архиепископи на Српската Православна црква, ги залечи раните што постоеја поради децениското разделување. Така стекна голема почит меѓу свештенството и верниот народ на Пеќската патријаршија. Накратко и најточно кажано владиката Тимотеј го видовме како наш најблизок Христов брат, вели Српскиот патријарх г. Порфириј.

Затоа, додава, бидете уверени, блажени, дека ќе се погрижиме молитвено да го чуваме споменот на незаборавниот митрополит Тимотеј како наш постар брат и искрен пријател кој не се двоумеше да нè заштити, надвор од дворските манири, со искрена братска љубов.

Те замолуваме, драг наш брате и сослужител во Христа, за загубата на големиот архиереј и пастир, блажениот митрополит Тимотеј, да ги примиш изразите на нашето најискрено сочувство, но и да ги пренесеш до полнотата на Македонските православни црква. Му се молиме на Воскреснатиот Господ неговата праведна душа да престојува во небесната населба каде што Божјите пријатели се вечно блажени!Со љубов кон Исус Господ,- се вели во соопштението со сочувство од Српскиот патријарх г. Порфириј.

Н.С.Ј.