Никола Грубиќ е нов ракометар на ГРК Охрид. Српскиот интернационалец игра на позицијата десен бек и потпиша двегодишен договор со нашиот клуб, информираат од клубот.
Среќен сум што ќе бидам дел од клубот каков што е ГРК Охрид. Благодарам на укажаната доверба, се радувам на новиот предизвик. Нека ни е со среќа и да оствариме што подобрар пласман и излез во Европа, изјави Грубиќ.
Тој доаѓа по одличните игри во Дубочица и Партизан (Србија) и е одлично засилување за сино-белиот тим.
OhridNews