Инцидентот се случил вчера во 17 часот и 40 минути, во ресторанот „Св.Стефан“, кога првопријавениот П.К. видно под дејство на алкохол, недолично се однесувал кон гостите во ресторанот, упатувал вербални закани, фрлил бекатон плочка на подот и скршил неколку садови од шанкот. По укажување на сопственикот на ресторанот, истиот го напуштил објектот. По кратко време, П.К. повторно се вратил и од ресторанот исфрлил еден стол по што надвор тој започнал вербална расправија со К.Ј. (44) сопственик на ресторанот и вработениот А.М. (30) од Охрид. Во моментот,тука пристигнал П.С. кој бил во алкохолизирана состојба и со тупаница го удрил сопственикот на ресторанот кој откако паднал, бил удиран со раце и нозе од страна на двајцата пријавени. Истите, се обиделе да го нападнат и вработениот во ресторанот кој успеал да побегне во соседниот хотелски објект. Таму пријавениот П.С. со кујнски нож замавнал неколку пати кон А.М. кој за среќа го одбегнал нападот.
Насилниците се приведени и против нив СВР Охрид поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека се сторители на кривичните дела „Насилство“ и „Загрозување со опасно орудие“.