Параглајдеристот Милорад Ранџеловиќ, роден 1954 година во Ниш – Србија, со привремен престој во Австралија, загина за време на рекреативен скок од планината Галичица, кај Љубаништа. На местото на несреќата увид изврши истражна екипа која треба да  ги утврди причините кои довеле до трагедијата.


Претходно во два одделни инциденти што се случиле на натпреварот од Светскиот куп во прецизно слетување што се одржува во Охрид се повредија уште двајца параглајдеристи. Маркета Томашкова (26) од Чешка имала лош старт по што загубила контрола врз леталото и паднала во непосредна близина на селото Велeстово. При падот таа се здобила со зглобни скршеници на десната нога. Веднаш била пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, од каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Попладнево иато така при несупешно полетување параглајдерист од Словенија се здобил со скршеница на раката.


Изутринава за малку беше избегнат уште еден инцидент на Светскиот куп. Параглајдерист имаше неуспешно слетување на спортскиот центар „Билјанини извори“, но за  среќа помина без последици.


Слични несреќи неодамна се случија и на слетилиштето кај авто кампот Љубаништа кога при неуспешно слетување еден русуки параглајдерист полесно повреди дете, а друг заработи скршеница на раката.

Ohridnews