Повремениот српски репрезентативец и сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ поминал без повреди од нападот кој го извршиле три лица во центарот на Белград, пренесуваат српските медиуми.

Тошиќ на „Калемегдан“ каде бил нападнат бил во друштво со кондициониот тренер со кој работел на физичката подготвеност.

Српската полиција веднаш пристигнала на лице место, но напаѓачите избегале.

OhridNews