Српскиот државјанин Горан Поповиќ од Ниш, роден 1981 година, попладнето на 3 август се удавил во Охридското Езеро, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Неговото тело го пронашол и го пријавил вработен на бродот „Галеб“. Трупот бил забележан на дното на езерото на длабочина од околу три метри во близина на место каде што Црн Дрим се влева во езерото, во комплексот „Свети Наум“.
Истражен судија и екипа од СВР-Охрид извршиле увид на местото на настанот. Поповиќ бил на годишен одмор во Охрид. Неговото тело е предадено на обдукција.
Вчерашниот е трет случај на давење во Охридското Езеро ова лето. Минатата недела во Горица се удави 26-годишно момче од кичевското село Зајас, а минатиот месец кај Канео се удави 45 годишен битолчанец.
ohridnews