Ноќеска, 50 минути по полноќ, во угостителски објект на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија до дрога и оружје, привеле 31-годишен државканин Република Србија.

Тој бил затекнат како користи кокаин и до него било пронајдено и одземено пакување со кокаин, информира СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Г.М.
Фото: Илустрација/Freepik