Српската заедница од Охрид, во сабота, 27-ми јануари, во 12:00 часот во хотел „Сити Палас“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.

Во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид, Михајло Филев, со голема чест и задоволство ве покануваме сите заедно во пријатна празнична атмосфера да го прославиме овој светол празник кој не поврзува и ни дава љубов и сила за уште поцврста врска и создавање на убави дела помеѓу братските народи, информираат организаторите.

Сите кои сакаат да присуствуваат на прославата, можат да се пријават до денес кај претседателот Среќко Стојановиќ, на контакт телефонот 070/232-888.

OhridNews