Српската заедница од Охрид денес напладне во хотел „Сити Палас“ ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава.
Во организација на српската заедница од Охрид и почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид, Михајло Филев, со голема чест и задоволство ве покануваме сите заедно во пријатна празнична атмосфера да го прославиме овој светол празник кој не поврзува и ни дава љубов и сила за уште поцврста врска и создавање на убави дела помеѓу братските народи, информираат организаторите.
OhridNews