Српската поп ѕвезда Ана Николиќ. го потврди своето учество во Интернационалната вечер на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури 08”, која ќе се одржи на 24 август. Таа ќе се бори за една од фестивалските награди во Интернационалната вечер, а во Охрид ќе пристигне заедно со својот менаџер Саша Мирковиќ.


Ана Николиќ ќе ја гледаме во Охрид

Ана Николиќ е позната по хитот “Ромале, ромали”, а Саша Мирковиќ  македонската јавност го знае како поранешен менаџер на минатогодишната евровизиска победничка Марија Шерифовиќ.

Ohridnews