Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Јавор од Ивањица , Р. Србија беше во посета на Охрид и ЈП Билјанини Извори. Посетата е со цел фудбалкиот клуб подобро да се запознае со условите што ги нудат терените на СРЦ Билјанини Извори пред претстојните февруарски припреми.
Во разговорот со директорот на ЈП Билјанини извори г-дин Ристе Мишев спортскиот директор го истакна своето особено задоволство од приемот што го имал како гостин, посебно од условите за тренинг и натпревари што ги видел на градскиот стадион Билјанини Извори при што го најави нивното доаѓање за идниот месец.
ЈП Билјанини Извори се со цел подобрување на финансиската состојба на претпријатието како и развој на спортскиот туризам на нашиот град интензивно се подготвува за престојниот февруарски подготвителен период за фудбалските екипи.
Во овој момент ЈП Билјанини Извори е во преговори со неколку македонски фудбалски екипи како и со екипи од земјите од нашето опкружување.Се преговара со екипи од Р. Србија , Црна Гора и Албанија и ние како претпријатие се ќе сториме во рамките на нашите можности, Охрид и СРЦ Билјанини Извори да постанат тренинг центар за што повеќе фудбалски екипи.
Ohridnews