На 10-километарската трка во склоп на Атлетскиот маратон во Софија се случи голем скандал, откако на самиот старт брутално беше нападната српската атлетичарка Оливера Јевтиќ.

Неколкукратната учесничка на Олимписки игри и освојувачка на бројни медали и награди во светот на атлетиката при падот ја загубила свеста, а има и хематом на главата.

Бугарската полиција за неполни 24 часа со помош на организаторите го пронајде сторителот кој не издржал и на социјалните мрежи се пофалил дека ја завршил трката. Јевтиќ после сите прегледи била пуштена од болница, а на сторителот му се заканува затворска казна.

 

OhridNews