Во септември во текот на научните истражувања коишто се спроведуваа во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, пред влезот на пештерата Самотска Дупка во Национален парк Галичица беше поставена фото-замка.

Целта на поставувањето на фото-замката беше да се утврди кои животински видови се присутни во просторот околу пештерата. Во периодот септември/октомври 2023 година се утврди присуство на срна и дива свиња. Овие видови се активни и во текот на ноќта и преку ден, информираат од Црвен крст Охрид.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.

OhridNews