По дебаклот на Металург од Шкендија во Купот на Македонија, Ѓорги Христов поднесе оставка. Од тогаш до крајот на есенската полусезона екипата ја водеше тројката Захариевски, Васоски и Кметовски.
По завршувањето на есенскиот дел “зелените“ брзо потезно го решија тренерското прашање и можат да посветат повеќе внимание на соодветни засилувања за пролетната полусезона.
Металург за кој стандардно настапува поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Александар Далчески целта по првата етапа ја мина на делба на третата позиција со кичевскиот прволигаш Напредок.