Поранешниот шеф на македонската дипломатија Срѓан Керим е избран за претседател на 62-то Генерално собрание на Обединетите нации, јави известувачот на МИА од Њујорк.
Изборот на Керим на оваа престижна функција со акламација го потврдија претставниците на 192 земји на денешната сесија на Генералното собрание на Светската организација.
Во обраќањето по преземањето на должноста од досегашниот претседател на Генералното собрание Шеика Хаја Рашид Ал Калифа од Катар, Керим истакна дека главни предизвици во неговиот едногодишен мандат ќе бидат промовирањето ефективен мултилатерализам во чиј центар би биле ОН, глобалното затоплување, борбата против тероризмот, реформата на Советот за безбедност на Светската организација…
Ова е ислучително голем ден за Македонија и настан што ќе се памети, имајќи предвид од каде тргна државата по осамостојувањето. Кога стана независна беше предмет на кризен менаџмент, имавме трупи на ОН, сини шлемови на нашата граница. Од тогаш до сега успевме да се искачиме на највисокото скалило, да добиеме како држава највисоко можно признание, изјави Срѓан Керим по изборот за претседател на Генералното собрание на Свестската организација, јави известувачот на МИА од Њујорк.
Срѓан Керим на чело на 62-то Генерално собрание на ОН
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com