Сонот на Давид Ѓурчиноски се оствари во Скопје, откако беше дел од отворениот тренинг на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје. Младиот охриѓанец кој активно тренира фудбал ја искористи можноста и се фотографираше со фудбалерите од Реал Мадирд помеѓу кои беше и Кристијано Роналдо. Покрај сликата со идолот на Ѓурчиноски спомен ќе му остане и потпишаниот дрес од Португалецот.

Двете екипи вечерва со почеток во 20 часот и 45 минути ќе ги одмерат силите во Супер купот на Европа.

OhridNews