Младите, но и повозрасните, поминаа убави мигови, сликајќи се крај многубројните украсени новогодишни елки, со Дедо Мраз, волшебникот од Оз, Снежана, Пепелашка и вештиот жонглер.
Лампиони, колачиња и сокчиња беа дел од изненадувањата што беа приредени за децата, на неколку штандови кај споменикот на Св Кирил и Методи.