Градскиот театар од Охрид вечерва во Центарот за култура репризно ќе ја одигра претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет, а  во режија на Градимир Гојер од БиХ.

Текстот „Среќни денови“, кој инаку се смета за еден од најдобрите драмски текстови на XX век,  зборува  за инвалидноста  како парадигма на современото човештво и време во кое живееме.

Улогите ги толкуваат Јасмина Билаловиќ и Горан Стојаноски, а претставата изобилува со  аудио-визуелни ефекти за кои е задолжен Стрезо Стаматоски

Претставата започнува во 20 часот.

OhridNews