Со голем огномет и музика охриѓани и илјадниците гости на ривиерата ја дочекаа Новата 2009-та година.
И на минус 6 степени Целзиусови на градскиот плоштад беше весело и забавно, а за добрата атмосфера се погрижија Силви бенд, охридската група „Камелеон“ и пејачката Ева. Прекрасна атмосферата беше и во кафулињата, рестораните и хотелите каде илјадници гости го славеа дочекот на Новата година.
Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2009-та година