Сто и дваесет илјади евра годишно е сумата која словенецот Сречко Катенец ја прима како надомест за неговата работа на клупата на Македонската фудбалска репрезентација .
Крајниот биланс на неговата работа и труд во изминативе неполни две години во квлификациите за ЕП е четири победи, две нерешени средби и шест порази .
Многу поуспешна беше нашата репрезентација на пријателските натпревари. Одигравме само пет во 18 месеци претрпевме еден пораз, три пати славевме и имавме и едно реми .
Кога се ќе се собере и одземе за еден натпревар на клупата на Македонија Катанец добиваше отприлика по 10 илјади евра. Доста кеш, а резултатите просечни . . .
Селекторот Катанец во изминативе квалификации наследи една сосема солидна генерација на фудбалери предводена од Горан Пандев. Како никогаш досега македонските интернационалци се стандардни во своите клубови каде бележат солидни резултати. Со доаѓањето на реномираниот стручњак во името на Катанец кој на два пати успеа да ја одведе Словенија на големите натпреварувања, реално беше да се очекува некаков подем и во нашата игра и резултати. Но ниту подемот ниту резултатите не стигнаа .
Водечките луѓе на ФФМ во договорот со Катанец не бараа пласман на завршницата на ЕП , а додека Сречко рече “ игра во која ќе доминираме во дуелите со Естонија , Андора и Изреал е она што ќе го барам “ . Од можни 18 бода во дуелите со овие репрезентации освоивме 10 .
Историското реми на Олд Трафрод и победата во калта на Градски против Хрватска во Скопје се премалку за некаков исчекор. Привремени блесоци имаа сите македонски селектори Дончевски со европскиот првак Данска и со Белгија, Хаџиевски со Ирска и со бронзената во светот Хрватска, Јовановски со Турција, Илиевски со Англија, Канатларовски и Бабунски со Холандија .
“Ладниот“ Катанец, остана доследен на своето презиме и во неговиот однос со медиумите. Единстевниот контакт кој го имаше селекторот со медиумите беа прес конференциите пред натпреварите и неговите изјави дадени во електронска форма на веб страницата на ФФМ. Во изминатите 18 месеци селекторот не даде ниту едно интрвју за македонските весници, а не најде за згодно ниту да се појави на некоја од националните телевизии. Премалку добивме од човекот за кого федерацијата, државата плати огромни средства.
Сречко Катанец максимално го игнорираше македоснкиот шампионат убедувајки не` дека нема играч кој би можел да одговори на квалитетот на оние кои го носат националниот дрес. Со исклучок на голманот Пачовски за ниту еден од играчите кои го носеа дресот на македонскиот вицешампион Работнички Кометал не се најде место во репрезентацијата. Но се најде место за играч кој настапува во последно пласираната екипа во шампионатот.
За волја на вистината работата на селекторот беше во огромна мера нарушена поради познатите случувања околу македонската куќа на фудбалот. Постојаните превирања во и околу фудбалската федерација во секој случај не влијаеа позитивно како за атмосферата во репрезентацијата, така и за работата во неа .Она што беше загрижувачко е тоа што ваквите превирања доаѓаа токму за време на подготвките на репрезентацијата и тоа пред клучните натпревари со Хрватска во Загреб како и Израел во Скопје.
Ждребката за наредното СП е во недела, но на овој самит Македонија ќе патува без својот селектор кој има договор до 1 декември и кој без разлика дали ќе остане на клупата или не треба да го испочитува. Или секако Катанец ги пакува куферите па за него не е важно кој ќе ни падне во наредните квалификации . . .