Фестивалот „Охридско лето“, денеска го слави 49-от роденден.

Историјата на најголемата и најзначајна културна манифестација во земјата, започна на денешен ден во 1961 година со концерт на извонредната оперска певица Ана Липша – Тофовиќ во катедралната црква Св. Софија. Оттогаш наваму во историјата на фестивалот со златни букви се запишале плејада врвни музичари, актери и режисери, кои Охридско лето го издигнаа во самиот врв.

Фестивалот од 1993 година е член на Европската асоцијација на фестивалите, и важи за еден од најпрестижните на стариот континент.

Ohridnews