Денес се чувствувам целосно исполнета од една позитивна мисла и енергија, затоа што знам дека сега е моментот кога можам да изразам среќа, радост, задоволство. Времето навистина брзо одминува, дури незабележително; а со себе носи многу промени, случувања кои се дел од нашето секојдневие. Во обидот да бидеме поблиски до секое од нив, ВИЕ веќе три години давате повеќе од успешен придонес. Умешноста да се доближите до обичниот граѓанин и да го информирате на еден сосема концизен, јасен начин, ја зголеми вашата популарност ширум светот, особено кај нашите иселеници чија носталгичност кон родниот крај благодарение на вас се ублажува.
Редовното, неуморно и навремено информирање за сите случувања, особено во нашиот, охридскиот крај, резултираат со секојдневна и многубројна посетеност на овој електронски медиум, што и ние како читатели можеме да го забележиме. Чест и задоволство претставува фактот што секој читател има можност да го искаже сопствениот став и мислење преку писмата и колумните кои може да се испратат до вашата редакција.
Ја користам токму таа можност, за да ви го честитам третиот роденден, и да ви посакам уште долго постоење на вас како информативен медиум. Се надевам дека во иднина ќе продолжите да се развивате и растите, да созревате уште повеќе, затоа што ја имате максималната поддршка од вашите читатели. Иако сме свесни за економската ситуација кај нас, која е основен фактор во сечие развивање, сепак искрено се надевам дека со темпото со кое работите, успехот за вашата иднина е загaрантиран.
Уште еднаш- ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈ, OHRIDNEWS ! – мал, скромен, но никако за потценување!
Среќни сме што постоите!
Секогаш со вас,