Италијански среќен добитник ја освоил првата награда на лотаријата која ја организира здружението за развој на туризмот во Сан Марко на југот на Италија. Но наградата, луксузен ковчег, добитникот сеуште не го подигнал.


„Тој што ја освои наградата може да ја подигне кога ќе посака или да ја отстапи на некој друг. Рокот за подигање е неограничен“ – вели портпаролот на здружението.

Мештаните се лутат на добитникот и му порачуваат, или да ја подигне наградата или да му ја отстапи на некој што ја сака.