Охриѓани да ти биле от тие шо незнаеле да изјавет љубоф, не ти биле романтични, еманципирани… та не ти биле светски насочени, усмерени… и шо ти не друго!?
Хм! Шо да_е!!! Ич не е точно!
Не вервите?! И Ставрејца…!!!
Ево, да видите дек’ не е така!

Еден просечен охриѓанец најмалце 10 п’ти (можит и појќе, зависно от расположејнето) на ден и изјавјат љубоф на саканата. 

“Амор, ми сфари кафе?” – ушче рано-рано…
Ај… как’_да_не_му_сфарит!!??
“Амор, зш не си ми ја испеглала кошуљата?” – продолжвит со нежно!
“Амор, возачката… зш_не_ми_е во нофчаникоф, а?” – от_на_работа дур’ се јавјат, за случајно да не ја прекинит љубовната магија.
“Шојмат мор за ручек денес?” – таму кун 1:30 продолжвет изливите на_љубоф… “ааа у к****… ќ’одам со друштво на_ручек.”
Таму негде, к’ј 5 поручек… за “да течит” работата…
“К’ј си мор??! Шо мори к’ј твојте??! Добро ма, колку_п’ти требит да ти се речит…? Море бре!! Гла неразбрана!”
Кун_квечер продолжвит со убо. “Амор престани… види_ја… не_сум_дошол за ручек!! Та шо?
Видија!? Доста мор!!! И врати го телевизорот на кошарката!!”
А најважно е ф спална, така?
“Шо мор, те болит глата?? Амор не занесфисе ногу… ела ваму!!!

Значи, во право сум. Видофте еден просечен охриѓанец колку_п’ти на ден го изговарат тој италијански збор за љубоф, кој е светски познат?
К’де и да речиш во светот “амор”, секој ќе разберит! Па дури и со финеси се служит… мор, мори, ма… све е то изведено од АМОР!
Е! То ти е просечен охриѓанец!
Натпросечен!!!
Невервефте??!
И Ставрејца невервела, ама…

Среќен 8-ми

Ристо Ристе

Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив