Екипите на АСП Пак и Викса Пром одиграа неизвесен и изедначен натпревар во полуфиналето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“.
АСП Пак со погодок во последните минути од мечот обезбеди реми (3-3) и пенали. Пенал рулетот помина изедначено како и мечот, а промашувањето во петтата серија на Викса Пром им донесе победа 5-4 на АСП Пак и пласман во финалето на меморијалот.
Во финалето кое е закажано за четврток тимот на АСП Пак ќе се сретне со Кадмо, кој во 1/2 финалето ја совлада екипата на Леонардо Пица со 4-3.
Кадмо против АСП Пак во финалето од меморијалниот турнир „Лескоец 2015“.
Полуфиналните натпревари на меморијалот најавија спектакл во финалето (фотогалерија).
Ohridnews