Охридскиот велосипедистот Јован Јованоски нема среќа при настапот на планинската трка откако поради дупната гума предвреме ја заврши трката.
Јованоски кој ги брани македонските бои на Младинските Олимписки игри во Нанџинг заврши на 21-та позиција.
Тој пред заминувањето за Нанџинг имаше големи очекувања, но среќата му го сврте грбот кога му беше најпотребна.
Трката прв ја заврши Мексиканецот, Хозе Џерардо Аревало Улоа со време од (54:46), второпласиран беше Колумбијецот, Брандон Варгас Ривера (55:17) додека трет финишираше Чехот, Јан Рахрајт.
Следниот настап Јованоски ќе го има на 22 август заедно со неговиот репрезентативен колега Андреј Петровски.
Мх.П.