Еден малд португалски пар води спор за сопственоста на над 15 милиони евра кои ги добиле во 2007 година на лотарија. Поранешните љубовници, кои сега не разговараат еден со друг, не успеале да се спогодат на последното рочиште од судењето во Барселона, по што улогата да ги подели парите му препаднала на судот.


Спорот датира уште од времето кога парите ги уплатиле на сметка заедно со родителите на девојката. Недоразбирањето настанало кога момчето сакало да подигне пари како би му помоганало на своето семејсто, кое било сиромашно и се занимавало со земјоделство. Родителите на девојката, исто така земјоделци, барале прво тој да се ожени со нивната ќерка, па потоа да подигне пари.

Момчето тогаш се обратило на судот по што сметката била замрзната а тие ја прекинале врската. Девојката сега бара сите пари да и припаднат неа бидејќи таа ја одбрала добитната комбинација, а момчето бара тие да се поделат на половина.