Стручните лица објаснуваат дека средството кое било користено е едно од најјаките инсектициди со голема токсичност, на чија амбалажа е нагласено дека е штетно дури и за луѓето.
“Поради тоа зачудува и фактот што прскањето се вршеше во часови кога во централното градско подрачје има голема фреквенција на луѓе” , велат тие и додаваат- Затоа ова средство од одамна е исфрлено од употреба и од страна на самите земјоделци.
Примероци од угинатите пчели веќе се испратени на Ветеринарниот факултет и земјоделскиот факултет од Скопје на анализа. Резултатите се очекуваат во текот на идната недела.