Ова се резултатите од последното истражување на Младински образовен форум (МОФ) спроведено во 13 градови низ државата, во 50 средни училишта кое опфаќа примерок од 3. 607 средношколци.
За секој петти средношколец (19.8%) најголеми проблеми за младите се слабата економија и недостатокот од работни места. По нив следат алкохолизмот и наркоманијата со 17.9% и насилството и криминалот со 16.7%.
Средношколците изразуваат скептичност дека на било каков начин можат да помогнат за да се решат локалните проблеми, а повеќе од две третини од средношколците сметаат дека ништо односно малку можат лично да променат за да се решат проблемите во нивниот град. Средношколците не им веруваат на локалните власти, а уште помалку на локалните функционери, се вели во истражувањето.
извор: Makfaks