Под покровителство на Министерството за образование и наука, Претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со центарот Вилфрид Мартенс за европски студии во Брисел, деновиве извршија обука на ученици и наставници во охридската гимназија „ Св. Климент Охридски“ на тема: Визии и желби за Европа, Модел на иднината на Европа.
На обуката беа симулирани процесите на водење преговори на земјите кандидати за Европска унија. На симулацијата учествуваа 35 ученици од втора до четврта година од училиштето под менторство на проф. Ристо Николески и Марија Чанова.
Како што истакнуваат од гимназијата, со овој проект училиштето започна соработка за понатамошни активности со споменатата фондација.
OhridNews