Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран во Македонскиот центар за граѓанско образование, ученици од охридската гимназија учествуваа на Фестивалот  на изведувачки уметности и добри практики ” Бе цреативе, Бе интерацтиве, Бе интеретхниц“ кој се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје.

Охридските средношколци на фестивалот, на кој учество зедоа најдобрите избрани претстави од земјата, се претставија со ” Разгледница од Охрид “, претстава која беше подготвена во рамки на креативните работилници во училиштето.

Ментори на креативните работилници и претставата се Професорите Катерина Слатиноска и Стефан Каневчев.

OhridNews