Стотина монети и книжни пари беа презентирани на нумизмастичката изложба што повод 27 април-денот на македонскиот денар, ја организираа учениците од средното економако училиште во Охрид.На две паноа во изложбениот салон на Центарот за култура беа претствени хронологијата на еврото и македонскиот денар.
„На овој начин сакаме да го одбележеме денот на македнскиот денар 27 април, како и 10 мај – кога се навршуваат 15 години од појавата на вистинските македонски пари“, ни изјави професорката по бизнис, Воскра Аслимоска.. Целта ни е да укажеме дека ние имаме знаме, имаме грбб, јазик, имаме денар, односно ги имаме сите симболи на една држава и ние сме Република Македонија, а местото ни е во Европа, рече Аслимоска.
проф. Воскра Аслимоска
Иницијативата беше на нашата професорка по бизнис која ни даде идеја да ја релаизираме оваа изложба на пари кои се печателе и користеле во Македонија, ни изјави Еелена Попоска еден од повеќето ученици кои ја подготвија нумизматичката изложба. Се подготвувавме подолго време збирајќи пари и разни други монети од соучениците и задоволни сме како се на карјот испадна, додаде Елена .
Учениците кои ја подготвија изложбата
ohridnews