По дваесет дена бојкот на наставата учениците Македонци од средното училиште „Нико Нестор“ во Струга се вратија во школските клупи. Тие вчера надополнуваа дел од загубената настава, но без нивните соученици Албанци. Средношколците Македонци и натаму одбиваат да одат на училиште во исти смени со нив и бараат наставата да се одвива во јазични смени. Доколку тоа не биде направено тие за заканија дека од утре ќе го продолжат бојкотот на наставата.
За разлика од СУ „Нико Нестор“ учениците македонци од СУ „Ибрахим Темо“ и натаму продолжуваат со бојкот на наставата.
За градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вчерашното организирање настава по јазична основа во СУ „Нико Нестор“ претствува самоволие кое може да предизвика дополнителни проблеми. Локланта самоуправа и натаму инсистира учениците во средните училишта во Струга да не се делат по етничка основа. За разлика од општината владата не ја отфрла можноста од воведување етнички смени во струшчките средни училишта како крајно решение за надминување на меѓуетничките тензии кои пред еден месец кулминираа со повеќе масовни тепачки помеѓу средношколци Македонци и Албанци.
ohridnews