Жолт картон за Владата и за Министерството за образование. На овој начин средношколците симболично им упатија последна опомена на надлежните институции.
Доста беше од лошите реформи, порачаа од средношколскиот пленум. Не сакаме да бидеме уште една тула во низата на неосмислени одлуки, но и на парадоксалната ситуација во која секојдневно се носат повеќе закони одколку што има страници во учебниците
Сакаат да стават крај, на како што велат мислењето дека се универзални незнајковци. Порачуваат дека тие се иднината. Ние треба да успееме , велат, за да успее нашата земја.
За лажна ја оценија вчерашната средба на министерот Адеми со средношколската унија. Нивниот договор според кој математиката како задолжителен предмет ќе ја полагаат само учениците од природно математичките гимназии е неприфатлив за пленумот.
Четири дена ги баравме и упорно им звоневме. Сепак МОН на крајот се сретна со средношколската унија чии претставници се очигледно нивни луѓе, велат во пленумот.
Остануваат на нивните барања математиката да не се полага во ниту една гимназија, да се укине екстерното тестирање и да се врати стариот концепт на полагање државна матура. Сите поинакви договори, особено вчерашниот е обид за манипулација, порачаа од студентскиот пленум.
Надлежните манипулираат со средношколскиот пленум исто како што манипулираа со нас преку студентсткиот парламент, рекоа во студентсткиот пленум.
OhridNews
Извор: Телма
Фото: Утрински Весник