Средношколците, по еден месец бојкот на наставата и три недели кампување пред МОН, го прекинаа протестот и се враќаат во училиште. Според организаторите, иако го прекинале протестот, тоа не значи дека се откажуваат од своите барања за подобро образование. Тие на надлежните им дадоа рок до 1 септември да ги разгледаат барањата на учениците, во спротивно најавија повторно активирање на кампот.

Средношколците бараат во текот на наредните четири години да се полага стариот концепт на државна матура, а за тоа време работните групи да го усовршуваат новиот модел кој би се применил за следните генерации. Владата го одби ваквиот предлог и одлучи само уште годинава матурантите да полагаат по стариот концепт матура.

Второто барање на средношколците е екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата, но Владата го одби и ова барање и децидно одговори дека преговорите престануваат.

OhridNews