Учениците од општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ денеска побараа од градоначаникот Александар Петрески да им помогне во реализацијата на проектот „Млади и спорт“.

Овој проект предвидува изградба на спортски игралишта позади фискултурната сала на гимназијата,и со него, не само што ќе добие нашето училиште, туку и целиот град“, изјави претседателот на младинската организација во училиштето, Наум Митрески. Митрески додаде дека се работи за амбициозен зафат, кој учениците не можат сами да го изведат, зашто не располагаат со сопствен буџет.

Денеска на состанок во гимназијата, младинската организација побара помош од локалната самоуправа за доопремување и осовременување на соблекувалните во двете фискултурни сали на училиштето.

Градоначалникот Петрески им вети на средношколците дека локалната ќе го подржи проектот „Млади и спорт“ но и дека ќе помогне во реновирањето на постоечките и изградба на нови собекувални за потребите на физичкото образование во училиштето.

При тоа, тој најави дека во годинешната програма на општината е предвидена изградба на 4 нови игралишта на просторот помеѓу основното училиште „Григор Прличев“ и економското училиште, како и реконструкција на фискултурните сали во градот.

А.Р.