Во рамки на воспоставената соработка, деновиве во посета на охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ престојуваат средношколци од „Naverlönnskolan“, Шведска. Иницијатор на посетата е нашинецот проф.Љупчо Ларс Ралевски, инаку вљубеник во Македонија.

Во рамки на посетата гостите од Шведска имаа можност да се запознаат со убавините на Охрид и образовниот систем кај нас.

Покрај разгледувањето на гимназијата, гостите од Шведска имаа можност да ги одмерат силите во спортски натпревари со своиоте врсници, а присуствуваа и на подготовките за претстојната матура.

Дружењето на учениците продолжи и надвор од училиштето, а најавена е возвратна посета на охридските гимназијалци на Шведска во иднина.

OhridNews