Полицијата од американскиот град Питсбург соопштила дека е подигната тужба против средношколецот кој на час по биологија користел змија како јаже за прескокнување.
Полицијата не го соопштила идентитетот на ученикот од средното училиште „Тејлор Олдердајс“, бидејќи тој бил обвинет пред малолетничкиот суд, и тоа за кражба и бруталност кон животни. Змијата го преживеала мачењето и била прегледана од ветеринар.