По барање на Сојуз на средношколци на Република Северна Македонија ученичките заедници од средните училишта во Општина Охрид утре во 9 часот од предворјата на сите средни училишта ќе организираат мирен марш.
Целта е да оддадеме почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани. Во овој период ќе има масовно движење на учениците од сите средни училишта во градот. Маршот не треба да ескалира во протест, посочуваат организаторите.
Потенцираат дека од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 9:05 часот учениците ќе се упатат кон улицата „7-ми Ноември“ и ќе се вклучат на плоштад. Од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се упатат кон Кеј Македонија и од таму кон градскиот плоштад.
Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ тргнувајќи по ул. „Димитар Влахов“ сретнувајќи се со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ низ чаршијата се упатуваат кон градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.
Н.С.Ј.