Охрид е на нозе, мобилизиран и мотивиран да и помогне на младата сограѓанка Сара на која и е дијагнистициран малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува  правилна регенерација на крвта во организмот. За нејзино лекување во Германија, каде од донор треба да и се пресади коскена срж, потребни се 200.000 евра.

Во градот во тек се голем број хуманитарни настани за помош на 15-годишната Сара.

Во петок, 26.10.2018, во клубот „Awake“ во организација на класните заедници од сите средни училишта во градот, ќе се одржи голема хуманитарна среднишколска акција, на која ќе настапи Dj Gec.

Влезот чини 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат предадени на семејството на Сара.

Кон хуманитарната акција се приклучуваат и компаниите од градот. Исто така во петок, 26 октомври,  Такси „Мерцедес“ прометот остварен тој ден ќе го донира за помош на Сара.

Во петок, голем хуманитарен настан ќе се одржи и во „Куба Либре“. На хуманитарната забава ќе настапат Dj Buce, Dj Crazy Slave, Ѓоко Танески и Петар Маркоски, а ќе се одржи и голема аукција на дресови од познати спортисти.

Настанот почнува во 21 часот.

OhridNews