Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, при соопштувањето на прелиминарните резултати за државната матура, оцени дека има благо подобрување на резултатите во однос на 2008 и 2009 година.
“Се надевам дека овој тренд ќе продолжи во наредните години, но резултатите се уште не се задоволителни и ние мораме да работиме да ги подобриме“, рече Тодоров.
Прелиминарните резултати од државната матура ќе бидат објавени на 13 јули, на огласните табли на сите средни училишта во Македонија и на интернет страната на државната матура.
извор: Makfaks