Средбата на медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц, со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис ќе се одржи на 9-ти февруари, соопштуваат од Обединетите Нации.

„Специјалниот претставник на Генералниот секретар во разговорите меѓу Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија, Метју Нимиц, свика состанок со претставниците на двете страни во Њујорк, в среда, 9-ти февруари.

Понатамошни детали во врска со состанокот ќе бидат објавени со наближувањето на датумот на состанокот“, се вели во кусото соопштение од светската организација.

OhridNews
извор: Makfaks