Дерби натпреварот од 21 коло во Втората фудбалска лига пoмеѓу Воска Спорт и Пелистер ќе се игра во нов термин. Од безбедносни причини, а поради средбата на претседателот на Србија Вучиќ и косовскиот премиер Курти викендов во Охрид, на барање на МВР, натпреварот кој првично беше закажан за сабота 18 март, е одложен за среда 22 март, од 15 часот.
Информацијата ја потврдија двата клуба.
- Oвој важен политички дијалог влијаеше на промена на терминот за одигрување на натпреварот од Втората лига помеѓу Воска Спорт и Пелистер, кој требаше да се одигра во сабота на стадионот „Билјанини извори“ – соопшто ФК Воска Спорт.
- Ве известуваме дека по барање на Министерството за Внатрешни работи и СВР Охрид комисијата за натпревари на ФФМ направи промена на терминот за во среда 22.03.2023 година. – се вели во клупското соопштение на ФК Пелистер.
По 20 кола Воска Спорт е на втората позиција со 47 бода, а Пелистер е четврти со четири бода помалку.
Г.М.