Средниот бек Горан Печенковски е едно од петте засилувања кои пристигнаа во охридските редови. Тој на „гладијаторите“ им се придружи од тимот на Преспа кој е втор ривал на охридските ракометари во Супер лигата.
– Со победата над Пелистер екипата Преспа покажа дека нема биде лесен противник сезонава во Супер лигата. Ние сме максимално фокусирани и подготвени за борба до последен здив на теренот. Секако на домашен терен ќе одиме секогаш на победа без разлика кој ривал ни стои од спротива – рече Печенковски.
Поранешниот ракометар на Пелистер и Преспа во охридскиот дрес дебитираше во ремито со Прилеп постигнувајќи три погодоци.
Мх.П.