Средбата на Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун со шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, на службената страна на Обединетите Нации е најавена под името Македонија без никаква друга референца, јавува „Макфакс“.

Предвидено е Милошоски и Ки Мун да се сретнат во Њујорк во 12:15 часот (18:15 часот по македонско време).

Според најава од Министерството за надворешни работи, се очекува на средбата да стане збор за македонско-грчкиот спор за името, тужбата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, како и за македонската кандидатура за членство во Советот за човекови права за периодот 2013-2016 година.

OhridNews
извор: „Макфакс“