На средбата меѓу претседателот Бранко Црвенковски и претставници на Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ, што се одржа вчера во вилата Билјана во Охрид, било констатирано дека е потребно да се заштитат авторските права како еден од најбитните сегменти за иднината на македонската музика.
На средбата, меѓу другото, композиторите го информирале Црвенковски за активностите по повод јубилејот 60 години од основањето на Сојузот и воедно го запознале со проблемите со кои се соочуваат во нивното работење.